(Фото) Скопска Гинекологија: Се роди превреме и со мала тежина, замина од клиниката како здраво бебе
ЈЗУ Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство – Скопје објави за уште еден успех постигнат од медицинарите. Станува збор за предвреме родено бебе.
„Во прегратките на своите родители, вчера во стабилна состојба и со телесна тежина од 2320 грама дома си замина уште едно предвреме родено бебе. После 48 дена поминати на одделението за интензивна нега и терапија (ОИНТ), нашата Мила Атанасова, која заедно со докторите и со сестрите ги надмина сите препреки, како здраво бебе, на наша огромна радост, ја испративме од Клиниката за гинекологија“, велат од Клиниката.
Тие додаваат: „Мила е родена во 27 гестациска недела, со тежина од само 1260 грама. И посакуваме да биде иста како што е и значењето на нејзиното име и да се бори низ животот со истиот жар што го покажа уште од првиот миг од своето раѓање, во текот на овој еден и пол месец поминат на ОИНТ. На мама и тато да им носи само убави моменти и радости“.