Малолетник со мопед удри во пешак – несреќа во Кисела Вода
Од
Објавено на
Вчера вечер во 23.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Христо Татарчев“ мопед „пијаџио“ со скопски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Скопје удрил во 47-годишниот Т.С. од Скопје, извести МВР.
– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, а со телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.