Скопје

Лајка: Рекорден број на стерилизирани кучиња за месец октомври

Лајка: Рекорден број на стерилизирани кучиња за месец октомври

Во месец Октомври во ЈП Лајка беа стерилизирани и кастрирани 134 кучиња, од кои 82 женки и 52 мажјаци, а беа вдомени 37 кучиња.

 

„Со овие спроведени кастрации и стерилизации сме превенирале разможување на 134 кучиња, односно на 134 здрави репродуктивни единки. Со тоа се намалува стапката на бездомни кучиња на улиците, ЈП Лајка продолжува да работи во служба на граѓаните“, објави претпријатието.

 

Ги охрабруваат граѓаните да пријават бездомно куче за стерилизација/кастрација во ЈП Лајка, на меил [email protected] или на нивните телефонски бреови 02/2 56 58 59 и 071/219-925.

На почеток