Тешко повреден скопјанец, со „сузуки“ излетал од пат во Бардовци
Од
Објавено на
Вчера попладне во 16.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во село Бардовци, патничко возило „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 58-годишниот Д.Д. од Скопје, излетало од коловозот, извести МВР.
– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“, додаваат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.