Скопје

Утре се одржува третиот Социо-еколошки форум со дебата и дискусија за енергетските политики на земјите од Западниот Балкан и Европската Унија

Утре се одржува третиот Социо-еколошки форум со дебата и дискусија за енергетските политики на земјите од Западниот Балкан и Европската Унија

Утре  во Скопје ќе се одржи третиот Социо-еколошки форум (СЕФ) во организација на Фондацијата „Фридрих Еберт“, Меѓународниот центар „Олоф Палме“ и Прогрес – Институтот за социјална демократија.

Социо-еколошкиот форум ќе овозможи дебата и дискусија во однос на енергетските политики на земјите од Западниот Балкан и Европската Унија. Предизвиците во поглед на животната средина, зелената агенда, промовирањето на социјалната кохезија преку инвестиции во вработување, квалитетни и инклузивно образование и висококвалитетни услуги за социјална инклузија и заштита, ќе бидат високо на агендата на форумот.

Потврдено учество имаат директорот на ФЕС Дијалог Југоисточна Европа Рене Шлее, министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, градоначалникот на општина Центар Горан Герасимовски, градоначалникот на општина Валандово Перо Костадинов, пратеникот во македонското собрание Диме Велковски, шведската пратеничка Лена Бакелин и албанскиот пратеник Дамиан Ѓикнури.

Утре, во 10:45 часот, во прес-корнерот во Холидеј Ин се предвидени изјави за заинтересираните медиуми на следните учесници на Форумот:

– Рене Шлее, директор на ФЕС Дијалог Југоисточна Европа

– Горан Герасимовски, градоначалник на општина Центар

– Лена Бакелин, член на шведскиот парламент

Социо-еколошкиот форум Скопје е платформа за размена на прогресивни идеи, што им овозможува на високите претставници и носители на одлуки од регионот на Западен Балкан и ЕУ да разговараат за потребите и можностите за социјално-праведна енергетска трансформација, која ќе ги зајакне сигурноста на земјите во снабдувањето со енергија, ќе овозможи одржлив развој на економиите и ќе стави крај на ограничениот пристап и сите предизвици што ги носи употребата на фосилните горива, особено видливи во регионот.

Макфакс

На почеток