Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во Њу Делхи изјави дека „премногу“ Палестинци загинале во Газа, наведувајќи во исто време дека САД ги ценат чекорите на Израел за минимизирање на цивилните жртви, но дека тоа не е доволно.
Блинкен истакна дека САД му предложиле на Израел подолги паузи во војната со цел да се достави хуманитарна помош и да се ослободат заложниците, како и да се зголеми количината на помош што влегува во Газа, пренесе АП.
Блинкен рече дека САД ги ценат напорите на Израел да воспостави паузи во неговите воени операции, како и уште еден безбеден коридор за намалување на цивилните жртви и зголемување на помошта за Палестинците.