Македонија

Сестрата и сопругот се спасиле, жена загина – детали за пожарот близу Охрид

Седумдесет и седумгодишна жена (Б. Н.) е жртвата на пожарот што избувна во куќа во селото Требеништа, општина Дебрца.

Според информациите од охридската полиција, во куќата се наоѓале и нејзиниот 79-годишен сопруг и нејзината 70-годишна сестра, која добила повреди и со возило на итната медицинска помош била пренесена во Општата болница во Охрид.

Во гаснењето на пожарот интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид, а увид на местото извршила екипа предводена од јавен обвинител.

Засега нема информации за причината за пожарот.

На почеток