Свет

Драма во Италија: најмалку седум лица се повредени откако бор паднал во паркот на спа центар

Драма во Италија: најмалку седум лица се повредени откако бор паднал во паркот на спа центар

Најмалку седум лица се повредени денеска кога се урна голем бор во паркот на бањскиот центар во тосканскиот град Монтекатини во близина на Пистоја во Италија.

Меѓу повредените има и полицајци и директорот на спа центарот, кој со хеликоптер е пренесен во болница во Фиренца.

Според првичните информации, ничиј живот не е во опасност, соопшти „АНСА“.

Борот утрово се урна додека полицијата и персоналот од термалните бањи Монтекатини го истражуваа вандализмот што се случи во текот на ноќта во бањскиот центар.

На почеток