Македонија

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ да одговорат за скандалот со кумската врска со тендерот во Штип

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ да одговорат за скандалот со кумската врска со тендерот во Штип

Од владејачката СДСМ оценуваат дека Општина Штип, раководена од ДПМНЕ и градоначалникот Јорданов ја тресе скандал со кумско-семејна врска за тендер на ЈП Исар.

Посочуваат дека тендер вреден 20.000 евра на ЈП Исар Штип го има добиено фирма, на чии сопственици односно управители зет за ќерка им е кумашинот на градоначалникот на Штип.

„Освен што е кумашин на градоначалникот од ДПМНЕ, Методи Јорданов е член и на Управниот одбор на истото претпријатие кое го доделува тендерот, ЈП Исар од Штип.

Значи кумашинот на градоначалникот е член на Управниот одбор на јавното претпријатија а таткото на кумашинката на градоначалникот го добива тендерот вреден 20.000 евра“, истакнуваат од СДСМ.

Наместо да молчат Мицкоски и ДПМНЕ, како што велат од партијата на власт, треба да излезат пред граѓаните и да одговорат за оваа кумско-семејна врска и тендерот од 20.000 евра во ЈП Исар.

На почеток