Македонија

Нови врнежи, но и снег – временска прогноза

Метеопрогнозерот Славчо Попоски, најавува врнежи, но и снег на високите места.

„Нови врнежи од локален карактер очекуваме утре попладне и во вечерните часови, потоа нов голем бран на врнежи од запад кај нас ќе пристигне во петок попладне и навечер, а особено во текот на ноќта кон сабота и во сабота претпладне. Овој бран ќе донесе ново големо количество на воден талог (локално над 35 л/м2). Овој пат со приливот на значително постуден воздушен бран од север на планините и на Скијачките центри ќе има врнежи од снег и ќе се формира првата позначителна снежна покривка (од 10 до 20 сантиметри снег, понекаде и повеќе)“, пишува Попоски.

Во Скопје наутро со услови за слаба магла, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

На почеток