По шарената револуција, само Боки 13 ќе одлежи изгледа, коментира доктор Лазаров
Докторот Ненад Лазаров, ги искоментира последните случувања во правосудниот систем, каде наместо гонење има низа ослободувања кои доаѓаат со измените на Кривичниот законик. Најголемо фајде видоа оние кои најдолго време одеа низ судници.
„По шарената револуција, само Боки 13 ќе одлежи изгледа. Зошто сега има мир на волку неправда? Следи најболната фаза кога они пак ќе ни се смеат од позиција на украдениот луксуз а ние ќе собираме пари за лечење додека им исплаќаме дебели отштети“, напиша Лазаров.
Вкупно 36 предмети за 197 обвинети се водат во Основниот кривичен суд Скопје за злоупотреба на службената положба и овластувања кои се таргетирани од измените на Кривичниот законик.