Јанкулоска за незаконскиот притвор на Јанакиески: Ништо не може да го надомести неповратно изгубеното време
Од
Објавено на
Ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, сподели објава поврзана со одлуката на Европскиот суд, кој констатираше дека Миле Јанакиески незаконски бил дежен во притвор.
“На денешен ден на Миле Јанакиески за прв пат му беше определен притвор. Токму денес, после цели 5 години Европскиот суд за човекови права објави одлука со која утврдил дека постои повреда на правото на слобода на Миле Јанакиески затоа што не постоеле доволни причини за неговото лишување од слобода.
Оваа одлука значи морална сатисфакција за Миле, но ништо не може да го надомести неповратно изгубеното време”, напиша Јанкулоска.