Коментари

Најческа по извештајот на ЕУ: Власта си ја дели државната помош по принципот к*р ми е двор ми е.

Професорката Мирјана Најческа, го анализираше извештајот на Европската Унија. Околу него имаше кавга помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, како и низа обвинувања кој е крив.

Анализата на Најческа и поентите:

1. Власта не ги спровела препораките на ОБСЕ и Венецијанската комисија за промени во изборниот закон. Се бараат големи (а не козметички), длабоки и навремени промени (а не во 5 минути до 12 часот пред изборите) во чија подготовка ќе учествуваат граѓаните и експертите и опозицијата.

2. Власта носи закони по скратена постапка, без планирање, без расправа, без јавни консултации и без почитување на процедурите со што покажува дека е автократска и не и е гајле за мислењето и потребите на граѓаните

3. Власта го злоупотребува ЕУ знамето за донесување закони кои не се во интерес на граѓаните, за избегнување на учество на граѓаните во одлучувањето и за оневозможување на опозицијата да расправа (заради што се поларизираат односите во Собранието).

4. Власта носи неквалитетни (читај: неписмени) закони кои немаат врска со правото.

5. Власта не ја реформира администрацијата за да може да вработува неквалификувани, партиски кадри, да именува функционери кои немаат врска со материјата за која се надлежни, со отворен непотизам (вработување и именување на роднини, комшии, пријатели, швалери и швалерки, случајни шуши собрани од улица, …) и ги пополнува надзорните и управните одбори со партиски кадри.

6. Власта има ставено шапа на судството и целиот правосуден систем кој е тапа од невидени размери.

7. Власта ја легализирала корупцијата

8. Власта направила промени на Кривичниот законик со цел да се заштитат од прогон високи функционери како сторители на коруптивни дела и да се попречат истраги и процесирање на функционери кои направиле коруптивни криминални дејствија

9. Власта ја одржува страшната ситуација во затворите.

10. Власта овозможува и поттикнува напади, закани и понижувања на новинари.

11. Власта донесла Закон за изградба на коридорите VIII и X-d, кои треба да ги спроведува Бехтел Енка, во спротивност со законите и со меѓународните обврски.

12. Владата не ги објавува годишните извештаи за сопствената работа (2020, 21 и 22)

13. Буџетот се подготвува без учество на јавноста

14. Има државни службеници кои примаат плата без да одат на работа

15. Јавниот обвинител не поведува постапки врз основа на наоди на ревизијата

16. Во општеството преовладуваат негативни стереотипи и говор на омраза против лезбејките, хомосексуалците, бисексуалците, трансродовите, интерсексуалните и квир (LGBTQ).

17. Власта упорно избегнува да ја ратификува Европската повелба за регионални или малцински јазици, потпишана во 1996 година.

18. Власта систематски доделува државјанство врз основа на посебен економски интерес (шеми за државјанство на инвеститори), со што овозможува перење пари, даночно затајување, финансирање тероризам, корупција и инфилтрација на организиран криминал.

19. Го зголемува бројот на полицајци над ЕУ просекот.

20. Со коруптивни зделки ( како договорот на владата од март 2023 година со конзорциумот Бехтел-Енка) го зголемува фискалниот ризик.

21. Власта си ја дели државната помош по принципот к*р ми е двор ми е.

22. Власта не вложува во развој на железничкиот транспорт и “ нема конзистентен и интелигентен систем за управување и контрола на сообраќајот“.

23. Нема одговорност на менаџерите во буџетските корисници.

24. Власта овозможува највисоко можно ниво на корупција во здравствениот сектор.

25. Власта го намалува вложувањето во науката и образованието.

Заклучок: Македонија е сила на Балканот и за влез во ЕУ е потребно само да ги внесе Бугарите во Уставот.

На почеток