Коментари

Неколку факти за сегашните скопјани и скопјанки: Се смрди на пре*и* и лицемерие, пишува Тасевски

Актерот Сашо Тасевски сподели објава со наслов „сегашните скопјани и скопјанки“. Во прилог, интегрално:

„Жените бараат богати и згодни мажи Ама и мажите бараат исто. Секој за секого знае до кај му е џебот. Ко бев копиљ девојка немаше шанси да признае дека е есапџика. Срамота беше. Денес се фалат со тоа. Тогаш ретки беа мажите што сакаа да прелажат богата девојка или жена за да живеат на нејзин грб. Денес врие такви мажи. Прво ја лаже дека работи некоја важна работа за јака плата, после ко ќе ја смува, божем дал отказ, пошо не го заслужуваат на работа, па и го шета кучето на девојка му и го зема детето од школо ако е разведена и живее на нејзин грб. И прави филмови дека лудо ја сака, ама штом она отиде на работа, договара судар со друга. Најлуди мужи се оноие што пред да влезат во кафиќ ги вадат бурмите и ги ставаат во џеб.

Куп жени знаат дека мажите им се неверни ама ги боли сливата пошо редовно добиваат јак џепарац за мир у куќа. Сите бараат искреност, ама само декларативно. Инаку искреност никој нејќе. Сите смислуваат глупи оправданија за било што. Жените се жалат дека нема нормални мажи. Мажите се жалат дека жените се распрдени. Со преголеми очекувања. Чекаат принцови и остануваат сами. Зашто принцовите најчесто се пешковци. Ако не се, тогаш се размазени мамини синови и на 40 години.. Не се знае кој е полуд и поесапџија. Мажите или Жените. Сите се верници, верни и светици за пред народ, ама се лупаат по оргии и свингераи. Но тие се екстра класа. Буржуазија. Недопирливи. На друго небо. На тие жени им нудиш да шмркнат кока у ве це и твои се. Генерално парата го врти ноќниот живот во Скопје. Парата склопува врски и бракови. Не клеца ни упорниот ни убавиот ни шармантниот. Клеца богатиот. Не мора ништо да прави ако има пари. Ни да шармира ни да ја засмејува цурата. Може да е сам или женет со деца. Ако е богат на ниту една не и смета каков и да е. Не мора да крие бурма пред да влезе у кафуле. Ко имаш пари жените ти наоѓаат квалитети, кога ги немаш ти наоѓаат маани. Ако си голтар ќе си бидеш сам. Па биди и Никола Тесла. Се смрди на пре*ич и лицемерие. Што би рекол Пантиќ од Тесна кожа: Ево вам паре! ДУ*Е ВАМ ЗИНУЛО ЗА ПАРЕ!“

На почеток