Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, по подолго време, се појави на седница на Советот на Град Скопје. Повторно дојде до голема расправија помеѓу неа, советниците од ВМРО-ДПМНЕ и претседателот на Советот, Трајко Славески.
Арсовска на седницата за обезбедување средства за помош на ЈСП „Скопје“ рече дека ниту еден проект нема да се откаже за доброто на граѓаните.
„Како сакате и да нема приватен превоз и да има автобуси во исто време. Како сакате 220 автобуси, што некој ги спроведува во јавниот превоз, а треба да се заменат со нови 250, а за кои не гласате, да се заменат кога се непостојни? Секој мицковист ги ветуваше овие работи и одеше со мене заедно од врата на врата. Јас фотографиите со Мицкоски ќе ги вадам лично да видат дека тој ги ветувал овие работи. Сега отвора чешми наместо да отвора капитални проекти во градот Скопје“, додаде Арсовска.
Арсовска од говорницата повтори дека од прв ден кажала дека ниту еден проект, кој е почнат за доброто на граѓаните, нема да се откаже, а дека тоа мицковистите не може да го разберат.