Македонија

Буџетот за 2024 година ќе тежи 5,5 милијарди евра

Буџетот за 2024 година ќе тежи 5,5 милијарди евра

Буџетот за 2024 година е проектиран на 343,6 милијарди денари или 5,5 милијарди евра, а во 2024 година се очекува да забрза економскиот раст и да изнесува 3,4 отсто во услови на зголемување на инвестициите, раст на потрошувачката на солидно ниво и закрепнување на надворешната побарувачка, изјави премиерот Димитар Ковачевски.

Премиерот истакна дека во буџетот ќе има пари за зголемени плати, пензии, социјална помош и за сервисирање на обврските кон кредиторите. Најголем придонес, вели тој, ќе имаат бруто-инвестициите од државата, а двигател на растот ќе биде и поддршката на приватниот сектор.

Стапката на инфлација се очекува да се стабилизира на 3,6 отсто во услови на стабилно ниво на цени на енергенти и храна. Во 2024 година се очекува раст на бројот на вработени на 2 отсто, а номиналниот раст на платите е проектиран на 8,4 отсто.

Расходната страна е за 5,8 % повисока од 2023 година, а приходите се проектирани на 310,1 милијарда денари или 5,040 милијарди евра.

Премиерот најави дека капиталните расходи ќе бидат 733 милиони евра и дека „буџетот има изразена развојна компонента“, при што се планира инвестициски циклус за економијата да застане на здрави нозе.

На почеток