Денеска во село Ласкарци, скопско, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје го лишиле од слобода 34-годишниот Х.Б. од село Ласкарци, извести МВР.
– При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол, две рамки за пиштол и куршуми, соопшти МВР.
Лицето е приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.