Коментари

„Ова е само почеток“, се огласи Груевски

Експремиерот и бегалец, Никола Груевски, ја искоментира одлуката на Стразбур, каде Европскиот суд констатираше дека Миле Јанакиески незаконски бил држен во притвор. Тој најави дека ова е само почетокот на злосторствата од изминатите години.

„Одлуката на судот во Стразбур поврзана со Миле Јанакиески околу политичкиот прогон, незаконското работење и самоволие на одредени судии и обвинители, политички мотивираните случаи и репресијата на СДСМ и Заев врз правосудниот систем со цел да ги елиминира политичките противници, е само почеток на разоткривањето на злостворствата што беа правени во изминатите години“, напиша Груевски.

Тој додаде: Има уште многу за разоткривање, а прогонот сеуште трае и злосторстават течат. Актерите сеуште веруваат дека никој не знае што прават или барем дека нема докази за тоа.

На почеток