Коментари

Сопругата на Јанакиески со снимка: Ова е тешко да се изгледа, а не пак да се преживее!

Сања Јанакиеска, сопруга на ексминистерот Миле Јанакиески, сподели кратко видео за кое посочува дека е тешко е да се изгледа, а не пак, да се преживее. Додава дека сепак, правдата победува.

„Тешко е само да се изгледа ова видео од 5 минути, а камоли сето тоа да се преживее! Но, за среќа секогаш правдата победува и вистината излегува на виделина. Господ дава сила на праведните и храбрите! Велат големите луѓе имаат големи искушенија…па љубов моја не застанувај, продолжи да чекориш една нога пред друга, барај сила во себе, слушај го гласот во тебе кој те води напред како и досега, знам дека ќе успееш и ќе победиш, ќе победиме“, пишува Јанакиеска.

Таа додава: „Не застанувај и бори се за правдата зашто ја заслужуваш ти, ја заслужуваат твоите синови!“.

На почеток