Коментари

Најчевска: Дали е нормално ова што го прават етничките Албанци во Македонија, јас велам – да

Професорката по право Мирјана Најчевска, на социјалните мрежи, даде свое мислење за однесувањето на етничките Албанци во Македонија, за кои посочува дека ја криминализираат политиката, го уништуваат јавното добро, прават националистичка еуфорија.

„Ме прашуваат дали е нормално ова што го прават етничките Албанци во Македонија (националистичката еуфорија, крадење на се што ќе дојде до рака, уништување на јавното добро, криминализација на политиката) . Јас велам – да. Кога се осамостојуваше Македонија и кога власта доминантно ја зедоа етнички Македонци, учени-недоучени пилиштарци кои функцијата ја разбраа како отворен повик за крадење и кога сиот општетсвен и државен имот го ставија на добош и преку ноќ директорчињата станаа сопственици на цели претпријатија и ланци од продавници и згради и парцели, и кога почнаа да измислуваат сопствена историја во која бесмисолот се калемеше на апсурдот, тоа беше првиот бран на уништување. И тие станаа господари“, напиша најчевска.

Таа додава: „Сега етничките Албанци мислат дека им е ним редот да градат некоја фантасмагорична историја во која криминалите стануваат херојства, а примитивизмот доблест, кога можат да крадат, мамат, прават малверзации од позиција на власт. И да бидат господари. Проблемот е само во тоа што ни на едните ни на другите не им е местото на крајот на 20 век и почетокот на 21. И едните и другите се заостаток од 18 и 19 век кој дебело се усмрдел чекајки ги своите 5 минути. Време е да пуштиме вода во шољата“.

На почеток