Свет

Израелската армија влезе во болница на Западниот Брег; хирург: Им наредија на лекарите да излезат

Израелската армија влезе во болница на Западниот Брег; хирург: Им наредија на лекарите да излезат

Израелската армија синоќа нападна болница во Џенин на окупираниот Западен Брег, при што загинаа најмалку тројца Палестинци, а 10 беа ранети, потврди за Би-би-си главниот хирург на болницата.

dobivaj vesti na viber

„Тројца од загинатите имаа повеќе повреди што укажуваат на експлозија. Некои од ранетите се чини дека се повредени во експлозијата, а други имаат рани од куршуми. Двајца се во критична состојба“, рече Тавфик ал-Шобаки.

Израелската армија соопшти дека убила пет вооружени лица и запленила шест пушки за време на рацијата. По нападот на Хамас на 7 октомври, Израелците постојано го напаѓаа бегалскиот камп во Џенин. Најмалку 14 лица беа убиени пред една недела.

Ал Шобаки наведува дека израелските сили пристигнале на влезот за итни случаи на болницата „Ибн Сина“ за време на рацијата и побарале медицинскиот персонал да ја напушти болницата.

„Персоналот за итна медицинска помош одби да излезе. На луѓето од Црвената полумесечина им беше наредено да излезат со кренати раце“, рече тој.

На почеток