Македонија

Маж со нож ја бодел партнерката пред детето, скопското обвинителство го гони за обид за убиство

Маж со нож ја бодел партнерката пред детето, скопското обвинителство го гони за обид за убиство

Маж пред два дена се обидел да ја убие својата партнерка. Скопското обвинителство објави дека донело наредба за спроведување истражна постапка против едно него за обид за убиство.

dobivaj vesti na viber

Според деталите од Обвинителството, мажот по кратка вербална расправија зел нож со кој и’ се заканил дека ќе ја убие. Жената заедно со детето тргнала да бега кон домот на нејзините родители во близина, но мажот ја стигнал пред влезната врата на нивниот дом и и’ нанел повеќе убоди со ножот во пределот на грбот и вратот.

Доставен е предлог за притвор.

На почеток