Крајот одамна ви се гледа, но егзекуцијата свесно ја одлагате, Пецаков „удри“ по СДСМ оти го прозваа


Наовдните егозтични патувања кои му ги ставаат на грб од СДСМ, ги искоментира градоначалникот Кирил пПецаков. Тој посочува дека станува збор за ниски страсти и популизам. Им одржа и лекција за што треба да се грижат како Влада, наместо да се занимаваат со него.
„Овие 2-3 дена на највисоко ниво ја издигна СДСМ темата за некакви ЕГЗОТИЧНИ патувања мој, дополнително на тоа и кој ги плаќал… Нејсе.. Како и секој нормален човек одлучив мојот годишен одмор од 6 ноќевања со сопругата да го поминам токму во овај период во Ноември кога во нашиот град е потивко и помалку случувања, секако далеку од егзотично патување
Богданка Бо Кузеска,Лионела и секако (update)Лазе-Лаки (посебно овај човек присутен во туризмот и хотелиерството добро знае шо е егзотична дестинација) се од регионов и знаат дека на лето генерално сум во градов пред се заради подобро функционирање, но секако и за секој проблем или предизвик шо би се појавил во нашата општина и секако дека имам право на годишен одмор со сопругата, за разлика од нив кои уживаат и не одат на работа во текот на летниот период, притоа користејќи повеќе денови од колку шо е законски препишано, тука посебно мислам на втората личност, но затоа потоа ќе дојде друг ден на таа тема…
Играњето на ниски страсти и чист популизам, само ја потврди безидејноста и немањето вистински теми за комуникација и критика и само по себе, од политички аспект претставува многу лоша стратегија, а начинот на купи ден помини политика одмна веќе изгледа и смешно и погубно, пред се за државата
зошто е сето ова битно и зошто токму сега пред избори:
додека секоја нормална влада пред парламентарни избори,би се фалела и презентирала што направила, во случајов за Охрид, тие се занимаваат со локална власт и проекти и градоначалници базирано на ниски страсти и емоции, зато шо немаат што да презентираат и она шо беше отпочнато не можат да го завршат..
Затоа што од голтари станаа милионери, ја обезличија државата и ги понижија граѓаните на Македонија..
Затоа што 3 од капиталните проекти на општина Охрид од како сум градоначачник, ги блокираат во министерство за транспорт и министерство за култура константно година и пол.
Затоа што за прв пат во историјата на општина Охрид, нашата општина ќе биде одблокирана и раздолжена, во истиот период одблокирано ќе биде ЈП Нискоградба, претпријатие кое го создадоа истите и го задолжија 1.200.000 €, а после тоа следува раздолжување на уште 3 јавни претпријатија
Се реализираат огромна бројка на проекти за кои граѓаните се информирани на дневна основа преку медиумите, а најчесто бројката на реализирани проекти ги надминува бројките за 6 години кои поефини институции ги направила на државно ниво вкупно.
Затоа што крајот одамна ви се гледа, но егзекуцијата свесно ја одлагате, најмногу заради лично богатање и за уништување на државата и финансиско и системско.
Ps. Секако 20 пати до сега општина е прегледувана и малтретирана од сектори на стопански криминал и организиран криминал при МВР, од организирани анонимни пријави од поданици и полтрони од коалицијата ваша членови на советот, но и поранешни кандидати за пратеници( на недобитно место) подоцна и дел од советот и секако порнешни директори на ЈП, па слободно без да поднесувате до МВР И обвинителство и сите останати надлежни институции, ЈАВНО ги повикувам да проверат и кој ми платил, а шо е за право и колку се егзотични
Pss. Крајот на малтретирањето на Македонија доаѓа, а со тоа доѓаат и поубави денови“, пишува Пецаков.
