Охрид

Уште едно комплетно ново детско игралиште доби Охрид

„Уште едно комплетно ново детско игралиште доби Охрид. Во населба Рача завршија активностите за изградба на комплетно ново детско игралиште.

Игралиштето е опремено со соодветни детски реквизити и поставена е специјална гумирана подлога. Активностите за изградба се дел од програмата за изградба на урбана опрема на територијата на Општина Охрид“, напиша Кирил Пецаков – Градоначалник на Општина Охрид.

На почеток