Коментари

„50.000 граѓани се иселиле мината година, вие продолжете да се расправате дали ќе има крстови и минариња“

Продолжува „препукувањето“ на социјалните мрежи по повод поставувањето на крстот на Попова Шапка. На оваа тема со реален став се јави Борче Стаменов од „Донирај компјутер“ чиј став е вирален.

„50.000 граѓани се иселиле мината година, децата немаат учебници, недостига медицински кадар, умираат здрави новороденчиња, компјутери ние ќе им дадеме без гајле. Вие продолжете да се расправате дали ќе има крстови и минариња и чии ќе се повисоки. Таман да има на шо да се обесиме ние шо се заебавме и останавме тука мислејќи дека ќе се опраиме некад“, напиша тој.

На почеток