Коментари

Пред мечот Македонија-Англија: Стварно личиме и се однесуваме ко заборавен источноевропски провинциски град од пред 40-50 години

Вечерва Македонија ќе си ги одмери силите со Алнглија. Се одржува последниот меч од квалификациите за Европско првенство. Новинарот Ивор Мицковски, кој утринава бил околу стадионот ја долови атмосферата околу стадионот.

„Атмосфера и состојба околу Стадион на денот на гостувањето на Англија. Двајца џандари пред хотел и пред канцелариите на озогласениот ФФМ. Етнички одлична застапеност пред паркинзите и влезот во Стадионот. Двајца Македонци квазиобезбедување, двајца Албанци квазирегулатори на сообраќај и паркинг, двајца Роми кои им прават друштво и постар господин во цивилка од непознато етничко потекло кој со скршено метличе квазимете цел паркинг. 30-тина граѓани од внатрешноста очајно чекаат и цупкаат да отвори билетарата, изгледа е време-пауза. Среќа е сончев денот па празнинава не добива на значење. Стварно личиме и се однесуваме ко заборавен источноевропски провинциски град од пред 40-50 години“, напиша Мицковски.

Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Скопје, со мечот со селекцијата на Англија (од 20.45 часот, арена „Тодор Проески“) во групата Ц ги заокружува квалификациите за пласман на Европското првенство (ЕП) в година во Германија. Вечерашниот меч ќе биде шести меѓусебен дуел на Македонија и на Англија, трет во Скопје. Во претходните две средби во Скопје, Англија победи со 2-1 во 2003 година (стрелци Ѓорѓи Христов за Македонија и Вејн Руни и Дејвид Бекам за Англија) и со 1-0 во 2006 година (стрелец Питер Крауч).

На почеток