Брутален коментар по „тепачките“ за Брена и хулахипките: Потоп!
Лина Ѓорчева, постдипломец од Македонија на Универзитетот ШефилдВо го исоментира појавувањето на Лепа Брена во Скопје, каде се чекаше во редици за да се земат гратис хулахипки, како и за фотографија со балканската ѕвезда.
„Фактот што најголемо достигнување ни се хулахопките на Брена, што за жал единствено нешто што го пречекуваме со широки раце покрај толку очигледни квалитети од соседството е исклучиво сељачизмот на чело со турбо- фолкот како правец, се воодушевувавме со децении на Брена, па се уште сме во транс по Цеца, а сега и по Цеца light ала Пријовиќ, дури и некои “композитори” у велико се впуштени во тие води и поттикнуваат и промовираат таква “култура”….
…Потоа фактот што ниту една криминална будала нема поминато казна во ќош доволно долго и последично, апсолутно никој нема верба во системот и неговите столбови: правото, образованието, медицината и културата…
Фактот што инфлуенсерите кои треба да креираат јавно мислење во поново време се најголемиот неписмен, искомплексиран често и трансороиден џган….
Тоа што не сме воспитани од колено на колено, немаме наследна култура и немаме смисла за единство, немаме почитување еден према друг, имаме само бездушен и безмислен крвав воен нарав натпревар во сите сфери и се вртиме во круг децениски без никаков излез никаде, а камоли нагоре, што сме херметички блокирани интелектуално и емотивно, отсекогаш на национално ниво се однесуваме злобно и невоспитано, а тоа го правдаме со лошите социо- економски и политички услови кои искрено и рака на срце сами си ги створивме и одбравме, што сме затворени за едукација, а во најново време и по светските цивилизациско уништувачки трендови сме затворени за социјализација…
Сето ова се сериозни факти кои ја сочинуваат големата вистина дека потенцијалот да пркне поднебјево е задушен, свеста на луѓето се намалува, злобата и комплексите растат, ЕНЕРГИЈАТА И АТМОСФЕРАТА НА ПОДНЕБЈЕТО Е ПРЕЦИЗНО КАЖАНО ТОКСИЧНА и според мене опасна по живот од милион аспекти!
Така да ПОТОП!!! Апелирам до секој еден енергетски здрав човек, кој поседува душа, високо ниво на свест, знаење и чувства да проба нешто да смени и да не се претопува во токсичното!!! Воедно, го разбирам секој еден кој се свртел кон поинакви димензии, територии и хоризонти, но го охрабрувам да не заборави што му пишува на беџ и да проба на било каков начин да придонесе кон свежина и да и’ покаже какви димензии постојат на оваа ЗА ЖАЛ ОГОРЧЕНА И ТАЖНА НАРОДНА МАСА!!!“, напиша Ѓорчева.