Коментари

Заев спречи да се направи ветинг во судството по наредба на Ахмети, тврди професорката Најчевска

Професорката по право, Мирјана Најчевска, искоментира едно од ветувањата на експремиерот Зоран Заев кое го повторуваше во текот на целиот мандат – ветинг во судството. Ова не се случи, дури ни во мандатот на Димитар Ковачевски.

„Заев спречи да се направи ветинг во судството по наредба на Ахмети. Се што се случува после тоа во судството е на негова глава. И на Шеќеринска и целата камарила која сега се прави наивна и сака да прикаже дека е поинаква од Ковачевски. ВМРО е друго ниво“, напиша Најчевска.

Темата за ветинг стана актуелна откако новинарска екипа беше осудена поради пишувања против приватна компанија.

На почеток