Македонија

(Видео) „Ајде тепајте ме“ – ескалираше состојбата во Собрание

И по паузата, продолжи кршењето на сбраниската опрема во пленарната сала. Пратеникот Борислав Крмов продолжи со фрлањето на амандманите врз потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски и генералниот секретар Цветанка Иванова. Пратеникот Димитар Апасиев побара да се прекине седницата, а потоа се гласаше за амандманите и истите беа отфрлени со мнозинство гласови.

Крмов побара процедурално обраќање, излезе на говорница и побара прекинување на седницата. Тој го докрши мониторот поставен на бирото.

„Прекинете ја седницата. До сега ескалиравме на опремата, да не продолжиме понатаму“, рече Крмов.

Потоа, Мисовски му кажа да продолжи со говорење.

„Ајде тепајте ме. Ајде“, порача Крмов.

Пратениците од власта се смееја.

(Видео) Хаос во Собранието: Крмов фрлаше по потпретседателот Мисовски, го искрши компјутерот, па му се придружи Апасиев

На почеток