Свет

(Видео) Столтенберг и Вучиќ разговараа за заеднички воени вежби на Србија и НАТО

(Видео) Столтенберг и Вучиќ разговараа за заеднички воени вежби на Србија и НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави во Белград дека акумулацијата на силите на српската армија на границата со Косово нема да помогне да се смири ситуацијата, а насилството на северот го оцени како неприфатливо и ја поздрави намерата на Србија да ги гони одговорните за нападот во селото Бањска.

dobivaj vesti na viber

Столтенберг, кој е во посета на земјите од регионот, на заедничката прес-конференција по разговорот со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, истакна дека по конфликтот меѓу српската паравоена група и косовската полиција, НАТО распореди дополнителни 1.000 војници и тешко оружје во Косово.

Ова е најголемото зголемување на контингентот на НАТО во последната деценија и покажува дека НАТО е подготвен да го зачува мирот, рече Столтенберг и ја поздрави блиската соработка на КФОР и Армијата на Србија, нагласувајќи го повикот до двете страни, Косово и Србија, да ги намалат тензии и да се воздржат од какви било потези кои можат да придонесат за понатамошна ескалација на теренот.

Тој додаде дека го поддржува формирањето на Заедницата на српските општини (ЗСО), на што инсистира официјален Белград во дијалогот со Приштина и оцени дека тоа е клучот за нормализирање на односите меѓу Србија и Косово. Лидерот на НАТО ги повика Белград и Приштина да се вклучат во дијалог под покровителство на Европската унија (ЕУ), бидејќи тоа е „единствениот начин за траен мир и стабилност“.

Столтенберг и Вучиќ разговарале и за можноста за заеднички вежби меѓу Србија и НАТО, а српскиот претседател ја истакнал важноста од соработката со таа алијанса. Вучиќ изрази надеж дека НАТО „донекаде ќе обезбеди безбедност за српскиот народ на Косово“, тврдејќи дека од 2001 година „само Србите се напаѓани“, а особено по 2008 година и дека нападите и инцидентите на север се зачестени. откако на власт е косовскиот премиер Албин Курти.

На почеток