Украински снајперист го собори светскиот рекорд убивајќи руски војник од далечина од 3,8 километри, соопшти Службата за безбедност на Украина (СБУ). Непроверената информација, која првпат се појави во украинските медиуми, за „Њузвик“ ја потврди извор од украинските разузнавачки кругови.
Инаку, снајперист на канадски специјални сили го држи рекордот од 2017 година откако беше потврдено дека извршил убиство со снајпер од далечина од 3.540 метри во Ирак. Пред него титулата ја имаше британскиот снајперист Крег Харисон, кој во 2009 година уби талибански борец во Авганистан погодувајќи од далечина од 2.475 метри.
Ukrainian military announces a world record long-distance kill via a sniper rifle at 3.8 kilometres (2.36 miles or 4,155 yards), made with a Ukrainian-made Volodar Obriyu rifle, a multi-caliber anti-material sniper rifle. The bullet used was a newly-developed .50 caliber round… pic.twitter.com/6DMYE3gJM6
— The STRATCOM Bureau (@OSPSF) November 19, 2023
„Снајперистот на СБУ постави светски рекорд. Погоди руски војник од неверојатна далечина“, соопшти прес-службата на СБУ. Тие додадоа дека истрелот го надминал претходниот светски рекорд за приближно 260 метри.
„Снајперистите на СБУ ги менуваат правилата на светскиот снајпер демонстрирајќи ја способноста за ефективно работење на фантастични растојанија“, истакнаа тие.
Во меѓувреме, украинските медиуми споделија снимка на која наводно е прикажан истрелот за соборување на рекордот.
Украина бргу влегува во својот 21. месец од војната откако Русија изврши инвазија во февруари минатата година. Војната претходно беше опишана како артилериска војна, но важна улога одиграа и снајперистите. Претстојат тешки месеци за двете армии на фронтот поради предизвикувачките временски услови во текот на зимата.