Свет

Ej-би-си: Украина е во голема неволја

Ej-би-си: Украина е во голема неволја

Протокот на американска артилериска муниција во Украина е намален за „повеќе од 30 отсто“ поради напорите на Вашингтон да му помогне на Израел во борбата против Хамас, објави во вторникот „ABC News“, цитирајќи неименуван украински функционер.

dobivaj vesti na viber

Извор за ТВ мрежата истакна дека главниот проблем е испораката на артилериски гранати од 155 милиметри според стандардот на НАТО, кои според него сочинуваат „околу 60-70 отсто од вкупната набавка на Украина“.

Тој, исто така, изрази сериозна загриженост дека ќор-сокакот во американскиот Конгрес може да значи дека пумпањето оружје во Украина ќе почне да заостанува.

„Ние сме во длабока неволја, основната муниција не пристигнува“, рече функционерот, предупредувајќи дека Украина ризикува да ја изгуби својата позиција на бојното поле ако се дозволи ситуацијата дополнително да се влошува, по многу висока цена“.

Украинскиот функционер понатаму се пожали дека, иако американските власти „велат дека конфликтот Хамас-Израел нема да влијае на обврските“, нивните гаранции се покажаа како лажни“, пишува „Раша тудеј“.

На почеток