Македонија

(Видео) Какви пораки испраќа Штекли преку „Инстаграм“: Ќе ти ја камшикувам главата, момче, га**т може да ти биде убиен

Раде Трајковски-Штекли е активен на социјалната мрежа „Инстаграм“. Објавува фотографии, но и приказни (сториња) со блиски пријатели. Се поистоветува со Дон Вито Корлеоне кој измислен лик во романот „Кум“, што може да се забележи од корисничкото име „Фамилија Корлеоне“. Фотографија има и со неговиот пријате Д.Т. кон кого исто така беше пукано во трговскиот центар „Ист гејт“.

Каква порака испрати денеска

На приказната (сторито) кое трае петнаесетина секунди, Штекли испраќа порака преку позната трака од групата „50 cent“. Четири стихови од траката, се слушаат во објавата.

„Ќе ти ја камшикувам главата, момче, знаеш дека ќе направам

Ќе ти ја камшикувам главата, момче, со задниот дел од челикот

Ќе ти ја камшикувам главата, момче, може да ти се излупи капачето

Ќе ти ја камшикувам главата, момче, га**т може да ти биде убиен“, стои во стиховите, ако се преведат на македонски јазик.

 Десетина дена по пукањето во него, објавил фотографија со лицето кое го придружуваше

 Штекли испрати порака дека не се плаши, но и дека продолжил понатаму и по второто пукање. На „Инстаграм“ има објавено и фотографија од него со неговата придружба, лицето Д.Т. кој беше тешко повреден.

Фотографијата е направена токму во фитнес центарот „Палестра“, од каде двајцата си одеа, кога во нив пукаше непознато лице.

И претходните денови со објави

Веќе следната „стори“ објава, укажува дека Штекли моментално е надвор од Македонија. Трајна објава имал и пред два дена. Во неа, споделил неколку фотографии од него направени во теретана, пропратени со песна од познатата група „Београдски синдикат“.

Се почна со фотографијата од болница

Првата фотографија која се појави во јавноста од Штекли е од болница, неколку дена по пукањето. Тогаш медиумите објавија дека тој излегува и оди на домашно лекување. И тогаш, се чинеше дека фотографијата од болнички кревет не случајно стигна до јавноста.

Што се знае за пукањето

Малку информации, многу шпекулации има околу пукањето кон Штекли. Не еднаш, туку двапати успеа да ги преживее обидите за ликвидација. Првиот пат, неофицијално, се спасил благодарение на брзата реакција, а вториот, бидејќи дел од куршумите завршиле во неговиот пријател Д.Т. кој беше во потешка состојба.

„Скопје1“ објави дека Штекли земал туѓ автомобил кој бил во пералната и со него, успал да го пренесе Д.Т. во Градската болница, без да чека Брза помош. Благодарение на таа рекација, неговиот пријател не искрварел.

Потоа, тој бил веднаш однесен во Ургентниот центар каде подлежеше на повеќе операции.

Досега, не е фатено лицето кое пукаше, ниту нарачателите.

На почеток