Скопје

(Видео) Не возете низ Скопје ако не морате: Хаос низ булеварите донесе Столтенберг, пцовки ечат од автомобилите

Центарот на Скопје е целосно блокиран. Речиси секоја крстосница е со застој од колона автомобили. Се стои во место и по повеќе од десетина минути, а потоа, кога ќе се дозволи поминување на раскрсница, се застанува и по три до четири пати. Посебните протоколи за генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг направија хаос во градот.

Долж булеварот „Партизански одреди“ на секои стотина метри има по двајца полициски службеници. На крстосниците се исклучени семафорите. Најголем застој има кај Соборниот храм, како и на раскрсницата кај Мавровка.

„Хаос е мал збор“, коментираа и пцуеја возачите.

Возачите револтирано свиреа на сирените, откако долго чекаа да поминат на раскрсниците.

На почеток