Скопје

Вооружен грабеж во меувачница во Тафталиџе: планирале, влегле, но не се знае со што излегле

Вооружени лица влегоа во менувачница во близина на студентскиот дом Гоце Делчев, односно на истата улица каде е и „Сити мол“, ја ограбиле. Настанот се случи доцна попладнево, среде бел ден. Според очевидците, сѐ се одвивало брзо, а дали грабежот бил успешен, засега не е познато.

Менувачницата се наоѓа на улицата „Московска“, во Тафалиџе, спроти истоименото пазарче. Сместена е во сутерен.

Вработените во соседните објекти кои биле сведоци на настанот, не сакаат да отирјат детали. На терен е излезена и полицијата која собира траги. Крадците биле добро организирани и успеале за избегаат.

Од МВР излегоа со кратка информација.

„Околу 13.50часот во СВР Скопје е пријавено дека во менувачница на подрачје на општина Карпош две лица со со закана со оружје од вработената одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат оттаму.

На почеток