Скопје

(Видео) Потег на Партизанска кој разлуте многумина: Брза помош со итен пациент од Струмица стоеше за да помине Столтенберг

Брза помош од Струмица, со вклучени ротациони светла и сирени, остана заглавена на булеварот „Партизански одреди“ кај Соборниот храм, бидејќи на крстосницата во тој момент требаше да помине генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Откако сите возила се тргнаа од лентата каде возеше возилото што транспортираше пациент, заглави на лентата непосредно пред крстосницата.

Таму стоеше подолго време, бидејќи полициските службеници не дозволија да помине. Причината беше протоколот за поминување на Столтенберг. Ова предизвика револт кај другите возачи кои гласно коментираа дека чекорот на непропуштање на пациент кој би можел да биде и во животозагрозувачка состојба е неетички и погрешен.

Ова не е првпат да се случи ваква ситуација. И во минатото се сведочело на сличен пристап, пред се, бидејќи протоколите на МВР го предвидуваат ваквото постапување.

На почеток