Скопје

(Видео) Падна првиот снег во Скопје

Во Скопје падна и првиот снег. На повисоките делови од градот, веќе се создава бела покривка. Во Сопиште и Водно, веќе има неколку сантиметри снег.

Освен во Скопје, снег има и во Маврово.

Според УХМР, времето во текот на денот ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни (над 25 l/m2). На планините врнежите ќе бидат од снег.

На почеток