Коментари

„Спомнете им на ОБСЕ гостите дека може малку да им биде лошичко, да кашлаат, да не можат да дишат“ – 5.600 починати од аерозагадување во 2021 година

Директорката за комуникации во позната маркетинг компанија, Ели Пешева, го искоментира извештајот на европска агенција за животна средина, според кој, во 2021 година починале 5.600 лица како последица на аерозагадување. Во Скопје, ќе се одржи самитот на ОБСЕ, каде ќе присуствуваат високи државни претставници од цел свет, па Пешева испрати порака до организаторите, односно Министерството за надворешни работи.

„Спомнете им на ОБСЕ гостите дека може малку да им биде лошичко, да кашлаат, да не можат да дишат, да имаат необјасниви алергии…не од возбуда, секако. Покрај менито со храна и пијалоци, кажете им што ќе дишат бе. Се гледа, не е тајна. Пошто 5600 семејства изгубиле некој свој близок, како последица од загадувањето во државава (зголемување за 30% за само една година). Во најава е носење на буџетот за следната година во кој стапката за заштита од загадување ќе го достигне историски најнискиот праг. Честитки за немањето појма од приоритети. Денеска е Black Friday. Прст пред око не се гледа. Пак“, напиша Пешева.

За ова, се огласија и од „02 иницијатива“.

„ Имаме скоро постојано зголемување на бројките од година во година. Најголем скок имаме помеѓу 2020 и 2021 година, пораст од 31 процент. Начинот на пресметување се менува низ годините како што се менуваат стандардите на СЗО. Потоа зголемениот број на мерења од поголем број на мерни станици дава поточни податоци“, пишуваат од „02 иницијатива“.

Тие укажуваат дека бројките се страшни, а тие за 2021 година се ужасни и поразителни.

На почеток