Скопје

(Видео) Детали: Запалено возило во „Ист гејт“ го активирало алармот, по евакуацијата од трговскиот центар велат дека е безбедно

Посетителите на „Ист гејт“ се пуштени да се вратат во трговскиот центар, а од менаџментот известија дека ќе продолжат со редовна работа. Најголеми гужви има во гаражниот дел, каде посетителите чекаат ред за да ги извадат возилата. Посетител за „Скопје1“ вели дека никој не кажал што се случувало и зошто се евакуирани.

„Свиреше аларм и се слушаше ‘Wait until further instructions’ (*почекајте за дополнителни инструкции)“, вели посетител за „Скопје1“.

Од МВР за „Скопје1“ потврдија дека било опожарено возило.

„Денеска бо 13.42 часот пријавено е дека во ТЦ Ист Гејт Мол се вклучиле противпожарните аларми при што веднаш од страна на обезбедувањето е реагирано и е утврдено дека станува збор за запалено возило “рено лагуна” во подземниот паркинг. Пожарот е изгаснат од страна на обезбедувањето“, велат од МВР за „Скопје1“.

Од „Ист гејт“ објавија известување со кое потврдуваат дека бил активиран алармниот систем.

„Во врска со активирањето на алармниот систем во трговскиот центар, би сакале да Ве известиме дека проблемот на паркингот кај едно од возилата е навремено детектиран и веднаш е решен. Tрговскиот центар е безбеден и продолжува да работи со регуларно работно време“, напишаа од „Ист гејт“ на социјалните мрежи.

Евакуиран „Ист гејт“ – МВР проверува, од трговскиот велат дека се активирал аларм без да споделат детали

На почеток