Скопје

На снег и минусни температури, дел од Скопје нема никакво парно греење

Во Скопје интензивно вее снег, моменталната температура е 0 степени, а дел од жителите немаат никакво парно греење.

Повеќе читатели од скопски Центар се обратија до нашата редакција и се пожалија дека нивните радијатори се студени. Нагласуваат дека не се задоволни ниту греењето изминатите неколку денови, бидејќи било многу слабо, а во очи најавените минусни температури ќе нема како да се стоплат.

Пред два дена и од Регулаторната комисија рекоа дека до нив се пристигнати многу поплаки од граѓани кои иако редовно си ги плаќаат сметките, парно нема.

Од ЕСМ засега нема информација дали станува збор за дефект или нешто друго. Повеќе детали очекуваме наскоро.

На почеток