Магазин

Вечерва промоција на книгата „Дневникот на една планинарка“ од Калина Велевска

Денес во 20 часот во Младинскиот културен центар ќе биде промовирана книгата „Дневникот на една планинарка“ од Калина Велевска. Станува збор за избор од текстовите што беа објавувани на порталот „Мис“, како своевиден дневник, а во кои Калина ги пренесуваше своите впечатоци од планинарските тури во Македонија но и во соседните земји.

Калина Велевска (1990), дипломиран правник, вработена во Основното јавно обвинителство, трагично го загуби својот живот, заедно со Александар Миновски, на 10 февруари 2018 година на Кајмакчалан.

Книгата е во издание на „Репро принт“, издавачката куќа која го издава и дневниот весник „Нова Македонија“, каде што Велевска еден период соработуваше како новинар-почетник.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток