Македонија

13 месечно бебе од Тетово почина од морбили

Министерството за здравство јави за уште една жртва на мали сипаници, со што во период од неколку дена починаа три бебиња.

Синоќа починало 13-месечно бебе од Тетовскиот Регион, кое претходно не било вакцинирано.

Министерството за здравство изразува жалење за смртта на детето и упати апел до сите родители најодговорно да ги сфатат препораките за вакцинирање со МРП-вакцината.

Завчера од морбили почина 13-месечно бебе од Свети Николе, а во петокот на Клиниката за инфективини болести почина шестмесечно бебе со мали сипаници, кое имало компликација на белите дробови.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток