Македонија

Крмов ќе треба да плати 9.600 евра за искршените собраниски монитори, Апасиев: Декшавајте ако биле златни, не знаевме

Пратеникот на Левица, Борислав Крмов, ќе треба да плати 9.600 евра штета на Собранието, објави првиот човек на партијата, Димитар Апасиев. Ова доаѓа откако Крмов искрши дел од собраниската опрема во пленарната сала, со цел, да ја спречи седницата на која амандманите на Левица беа одбивани, за сметка брзо да се донесе новиот Собраниски деловник. Апасиев за ова напиша свој став, преку кој направи и компарација.

„500 навивачи на Артан Груби го демолираа МНТ – штета 4.000 ЕУР. Еден пратеник на Левица искрши четири монитори – штета 9.600 ЕУР!? Ауууу, ј**оте. Декшавајте ако биле златни, не знаевме“, напиша Апасиев, па додаде „ни чекор назад“.

Апасиев коментурајќи на социјалните мрежи најави тужење и барање за супервештачење за да се утврди точниот износ на штетата.

Пред една недела, Крмов искрши дел од собраниската опрема и фрлаше со хартии кон потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски. Точката која се разгледуваше беше носењето на новиот Деловник. Потоа, Собранието формираше комисија која ја утврдуваше штетата. На увид беше и полицијата.

Сега, оштетата треба да ја плати Крмов, кој во гостување на поткаст кажа дека тоа не е проблем, колку што е проблем новиот Деловник кој овозможува брзо гласање на сите закони, по скратени рокови, без опозиција и можност за филибастеринг.

Полиција влезе во Собранието за увид: кршењето ќе удри по џебот на Крмов

На почеток