Спорт

Бугарите останаа без претседател на Фудбалскиот сојуз

Бугарите останаа без претседател на Фудбалскиот сојуз

Борислав Михаjлов поднесе оставка од функцијата претседател на Фудбалскиот сојуз на Бугарија по големите протести против фудбалската управа.

dobivaj vesti na viber

Тој поднесе оставка по состанокот на извршниот одбор на Фудбалскиот сојуз.

Бугарија ги имаше најлошите квалификации досега, остана на последното место во групата Г, поради што имаше големи протести од навивачите.

Најголемиот конфликт се случи пред стадионот „Васил Левски“ кога репрезентацијата го одигра мечот против Унгарија, пред празните трибини на стадионот во Софија.

„За сечиј мир, поднесов оставка. Ќе ви кажам само неколку збора за тоа што се случуваше во последните две години. Откако се вратив на чело на Фудбалскиот сојуз, бевме изложени на невиден притисок, постојани критики, клевети, лаги и агресија, но за релативно кратко време ги исполнивме повеќето цели од стратегијата што беше донесена на последниот Конгрес на кој победив. Да, репрезентацијата не се претстави на ниво, но кога е во прашање топката нема гаранции за успех. Се друго што зависеше од мене во фудбалскиот сојуз е исполнето“, рече Михајлов.

Квалификациите на Бугарија на клупата ги започна Младен Крстајиќ, кој доби отказ по слабите резултати, а го наследи Илијан Илиев.

Макфакс

На почеток