Спорт

Челзи му нуди 120 милиони евра за Виктор Осимен

Челзи му нуди 120 милиони евра за Виктор Осимен

Челзи е подготвен да му понуди на Наполи до 120 милиони евра на крајот од сезоната за нигерискиот напаѓач Виктор Осимене, пренесува британски Дејли Телеграф.

dobivaj vesti na viber

На Челзи очајнички му треба врвен напаѓач, тимот на Маурисио Покетино има хронични проблеми со реализицијата од почетокот на сезоната. „Сините“ оваа сезона во Премиер лигата на 13 натпревари постигнаа 22 гола.

Британските медиуми наведуваат дека лондонскиот клуб има доволно пари да го реализира трансферот и на почетокот на јануари, односно во зимскиот проден рок.

Сепак, најреална опција е Челзи и Наполи да се договорат за трансфер на Нигериецот на крајот од сезоната.

Исто така британските медиуми тврдар дека Осимен сака да ја продолжи кариерата во Премиер лигата, бидејќи му се допаѓа проектот на новиот тим на Челзи.

Осимен (24) има договор со Наполи до 30 јуни 2025 година. Тој во клубот од Неапол пристигна во 2020 година од Лил.

Сезонава одигра 11 натпревари во сите натпреварувања и постигна шест гола.

Макфакс

На почеток