Спорт

Осамна т.н. „голема Албанија“ на профилот од Асоцијацијата на тениски професионалци – дали ова е ова одговор на Ѓоковиќ

„Фејсбук“ профилот на Асоцијацијата на тениски професионалци (АТП) беше хакиран, а на него осоамна фотографија од знамето на т.н. „Голема Албанија“. Станува збор за фотографија која е направена од натпревар меѓу Србија и Албанија одигран пред скоро една деценија во Белград, каде симболот беше спушен со дрон на стадионот, а беше пропратена со честитка.

„Среќен Ден на независноста на Албанија. На овој голем ден нашите срца се полни со гордост додека го славиме духот на слободата и единството. Нека гордо се вее знамето на Голема Албанија, симбол на нашата богата историја и нека ја покаже силата на нашата нација“, пишува на страницата за турнеја на АТП со знамиња на Албанија и на Косово.

Оваа порака повеќе часа стоеше на профилот на АТП организацијата. Нема информација како и кој влегол на профилот. Се коментира дека ова е одговор на албанските хакери на однесувањето на српските тенисери предводени од Новак Ѓоковиќ на завршницата од Дејвис Купот. Тогаш, Србите на терен излегуваа со песната „Весели се српски роде“, која е протолкувана како контроверзна поради стиховите „Нека се вее српското знаме од Призрен до Румија“, места кои се наоѓаат во Косово односно Црна Гора.

На почеток