Македонија

(ФОТО) Една година од смртта на Калина и Александар, планинарите ја искачија Клепа

Фото: Лејла Ибраимоска

ЕГ Грин Пауер и Планинарски предизвик „12 врвови„ изминатиов викенд организираа еднодневно традиционално зимско искачување на врвот Клепа(1150 мнв). Во акцијата како организатори се приклучија и градоначалниците на општините Градско и Росоман низ кои поминува патеката. За сите учесници беа обезбедени бесплатен ручек, пијалок и десерт во конаците на манастирот Св. Архангел во близина на село Горно Чичево.

Поради стратешката местоположба, врвот Клепа долго време бил центар на воени бази и на фронтовската линија, така што на неговиот врв се наоѓаат остатоци од бункери, засолништа и археолошки наоѓалишта.
ЦЕЛТА на акцијата беше да се промовира малку качуваниот врв Клепа, да се поттикне земјоделското(рурално) население) во овој реон за движење низ планина, како и да се манифестира соработка помеѓу планинарските клубови и друштва.

Во чест на прерано заминатите Калина и Александар, на дел од патеката ќе се засадат садници обезбедени ЈП “Македонски Шуми”.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток