Спорт

Со еден гол Халанд постави два нови рекорда

Со еден гол Халанд постави два нови рекорда

Ерлинг Халанд, постигна еден гол во победата на Манчестер сити над Лајпциг (3:2) и урна два голгетерски рекорди во Лигата на шампионите.

dobivaj vesti na viber

На возраст од 23 години и четири месеци, тој стана најмладиот играч во историјата на најсилното натпреварување кој постигнал 40 гола и кој го направил тоа најбрзо досега.

За овие 40 гола на Халанд му беа потребни само 35 натпревари во Лигата на шампионите.

За споредба, на претходниот рекордер Руд ван Нистелрој му беа потребни десет натпревари повеќе за да стигне до 40 гола во Лигата на шампионите.

За генијалниот норвешки голгетер ова е трет рекорд во најсилните натпреварувања што го собори во последните четири дена, бидејќи во саботата стана фудбалер кој најбргу стигнал до 50 голови во англиската Премиер лига.

Макфакс

На почеток