Спорт

(Видео) Јокиќ незапирлив против Хјустон, Торонто ја прекина победничката низа на Феникс

(Видео) Јокиќ незапирлив против Хјустон, Торонто ја прекина победничката низа на Феникс

Кошаркарите на Денвер ја забележаа деветтата победа на домашен терен од почетокот на сезоната. Денвер го победи Хјустон со 134:124. Во Торонто, Репторс ја прекинаа серијата од седум победи во која беа кошаркарите на Феникс. Репротс славеа со 112:105.

dobivaj vesti na viber

Никола Јокиќ кој го пропушти претходниот натпревар, се врати во тимот и забележа го седмиот трипл-дабл во сезоната. Тој натпреварот го заврши со 32 поени, 10 скока и 15 асистенции. Голема помош имаше од Мајкл Портер кој постигна седум тројки и запиша 30 поени.

По паузата од еден месец кај Денвер се врати Џамал Мареј, постигна 16 поени.

Џејлен Грин со 26 и Алперен Шенгун со 22 поени го предводеа Хјустон.

Репторс со тимска игра славеа над Феникс. Шестмина кошаркари беа двоцифрени, се издвоија Барнс со 23 и Сијакам со 22 поени. Кевин Дурент за Феникс постигна 30 поени.

ЛА Лејкерс го декласираа Детроит 133:107. ДиАнџело Расел беше најефикасен во победата на Лејкерси со рекорд во кариерата од 35 поени, Леброн Џејмс забележа 25, а Ентони Дејвис натпреварот го заврши со 28 поени.

Кај Детроит се истакна Канингем со 15 поени, Стјуарт и Томпсон го завршија натпреварот со по 12 поени.

Макфакс

To Top