Македонија

(Видео) Лавров стигна во „Борис Трајковски“ – новинарите го нападнаа со десетици прашања

Министерот за надворешни работи, Сергеј Лавров, пристигна во салата „Борис Трајковски“ каде ќе се одвива Самитот на ОБСЕ. Тој беше протоколарно спроведен, а новинарите имаат десетици прашања за него. Лавров, ги одмина микрофоните и влезе во салата, каде претходно пристигнаа најголем дел од делегациите. Пред влезот, се поздрави со министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Потоа, се упати во салата.

Лавров го има статусот на „ѕвезда“ бидејќи повеќе делегации, меѓу кои украинската, откажаа присуство на Самитот поради неговото присуство. Во последен момент кажа дека ќе лета за Македонија. Имаше и проблем со прелетот, бидеќи во авионот со него имаше делегат за кого земјите од ЕУ имаат донесено забрана.

Во салата се чека делегацијата на Франција.

На почеток